Синоќа медиумите на Островот лансираа вест дека Илкај Гундоган, капитенот на Манчестер Сити сакал да си замине од „Итихад“ и пред да му заврши договорот со овој клуб. Секако дека ова е голем удар за Пеп Гвардиола, но можеби не е неочекуван. До пред извесно време репрезентативецот на Греманија беше клучна алка во средниот ред на Сити, но сега тој влегува во игра најчесто од клупата.
Тоа не му се допаѓа на Гундоган па затоа посакува да ја смени средината. Познато е дека во ланскиот летниот преоден рок неговото име се врзуваше со трансфер во Реал Мадрид, сега самиот Гундоган побарал да се пресели на “Сантијаго Бернабеу“.