Леброн: Дончиќ е мојот омилен играч! (ФОТО)

446

Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, оваа сезона му беше очајна. Имено неговиот тим ЛА Лејкерс не успеа да се пласира во плеј – офот во НБА, и поради фактот што тој долго имаше проблеми со повредите.

Токму затоа Леброн сега има повеќе слободено време, а тој го користи да комуницира со своите фанови преку Твитер.

Па така на едно прашање за тоа кој во моментов му омилен играч, Леброн без многу размислување кажа дека тоа е Лука Дончиќ, кој со својот Далас веќе обезбеди финале на Западот.

Кажа и дека омилени филмови му се Кум и Гладијатор, а дека ако веќе мора да игра „два на два“ против Мајкл Џордан и Скоти Пипен, тогаш за партнер би го одбрал Коби Брајант.

Се разбира дека тоа е невозможно, но Леброн сакаше да покаже колку го почитува Коби кој веќе не е со нас.

Image

ПретходноКаков удар за Пеп: Капитенот на Сити побарал да си замине, сака трансфер во Реал!
СледноСамо на Балканот: Играч падна во несвест, на терен влетува неговата девојка, судијата ја теши…(ФОТОГАЛЕРИЈА)