И покрај најавите, и покрај надевањата дека Лео Меси, иконата на Барселона ќе се врати на “Камп Ноу“, се чини ништо од тоа. Имено тој има намера да го одработи договорот со ПСЖ до следниот јуни 2023 година, а потоа да се пресели во САД и тоа во тимот на Интер Мајами, каде прв човек е Дејвид Бекам. Тој купил 35% од акциите на клубот и има намера таму да ја заврши својата кариера, играјќи во МЛС лигата.
Тоа значи дека ќе игра за својот клуб.
Ова секако дека наиде на големо разочарување кај фановите на Барселона.