Осум клубови добија лиценци за настап во Европа!

974

Како што информираат од ФФМ, Комисијата за лиценцирање ја заврши постапката и им издаде лиценци за евро настап на седум прволигашки клубови и на Силекс за сезоната 2022/23.

Ова значи дека Шкупи, А. Пандев и Шкендија нема да имаат никаков проблем да играат  на евро сцената ова лето, исто како и Силекс или Македонија ЃП кои во петок во финалето во Купот на Македонија ќе го дадат последниот наш европски претставник.

Покрај овие пет клубови, лиценци добија и Работнички, Струга ТЛ и Ренова.

ПретходноАндреас Трајковски го освои третото место во Грција и постави нов рекорд
СледноУкрал дрес на Рома, на полицијата и се правдал со Мурињо