Утре и задутре: Одбојкарите ќе „тестираат“ со Албанија

143

Македонската одбојкарска репрезентација утре и задутре на Маврово ќе одигра два контролни натпревари со соодветната репрезентација на Албанија. И двата меча се закажани со почеток од 18 часот.

Избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ, ќе ги имаат овие две контроли како единствен тест пред почетокот на годинешното издание на Европската сребрена лига, која ја започнуваме на домашен терен на 25 мај со меч против Босна и Херцеговина.

Интересно е што Македонија е во иста група со Албанија во првата фаза од Сребрената лига, па овие два меча од затворен тип ќе бидат и еден вид на омерување на квалитетите и на двете селекции кои се подготвуваат за истото натпреварување.

Македонија во оваа прва фаза сигурно останува без повредениот примач, Александар Љафтов, а поради ситни повреди останува да се види дали павличевиќ ќе ги има на располагање и останатите од ростерот на овој прв собир.

ПретходноЈуве сака да потпише со тројца слободни агенти ова лето
СледноЛегендарниот словачки стопер заминува во пензија