У-21: Селекторот Канатларовски го објави списокот на играчи за мечевите со Ерменија и Украина!

1301


Репрезентацијата на Македонија до 21 година на почетокот на јуни ќе ги одигра двата последни квалификациски меча за пласман на Европското првенство 2023 години во Романија и Грузија.

На 2. јуни, на Националната арена „Тодор Проески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.

Филип Трпчевски нема да биде комбинација за мечевите со Ерменија и Украина поради повреда на лигаментите на коленото. На списокот се наоѓаат најголем дел од фудбалери кои се очекува да бидат едни од главните носители на оваа генерација во наредниот квалификациски циклус.

Селекторот на Македонија до 21 година, Драги Канатларовски за претстојните квалификациски дуели ги повика следните фудбалери:

Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Борец), Иван Николовски (Беласица);

Одбрана: Блертон Шеји (Шкупи), Кристијан Тасевски (Аугсбург, Германија), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар);

Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Емир Саитоски (Домжале, Словенија), Иван Николов (Вардар), Флорент Рамадани (Шкендија), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп). Агон Елези (Вараждин), Методи Максимов (Работнички);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Дашмир Елези (Шкендија), Марио Илиевски (Септември, Бугарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија);

Драги Канатларовски, селектор на младата репрезентација на Македонија до 21 година по повод последните мечеви во квалификациите изјави:

– За претстојните квалификациски натпревари, повикани се неколкумина нови фудбалери кои се очекува да бидат носители на играта во наредниот квалификациски циклус и оние фудбалери кои во досегашниот тек од квалификациите беа стандардни и ги одиграа поголемиот дел од мечевите. Младите фудбалери кои се очекува да играат и во наредниот циклус, по квалификациските натпревари ќе бидат тестирани и на два контролни меча со селекцијата на Босна и Херцеговина. Очекувам од моите фудбалери да го дадат максимумот на секоја средба. Секој натпревар си има посебно значење, првиот дуел го играме против Ерменија, сакаме победа и добар резултат пред домашната публика. Во вториот меч од квалификациите против Украина очекувам да покажеме карактер, добра игра и квалитет, што ќе биде увертира за тоа што не очекува во следниот квалификациски циклус.

Во групата Х од квалификациите за пласман на ЕП, лидер е Франција со 19 освоени бодови, Украина е на втората позиција со 13 бодови.

Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.

ПретходноСамо на Балканот: Играч падна во несвест, на терен влетува неговата девојка, судијата ја теши…(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМладите Фазлагиќ, Антовски, Димоски и Гроздановски добиваат повик од Милевски!