ФОТО НА СЕЗОНАТА: Седлоски со шампионскиот пехар

375

Долго, долго, по 21 година конечно титулата “слета“ на Чаир. Шкупи е новиот шампион во ПМФЛ, а фановите на овој тим веќе две недели слават и се радуваат на пехарот. Славјето финишираше викендов со доделувањето на пехарот.

А за тоа еден од најзаслужните, ако не и најзаслужен е Гоце Седлоски. Со неговиот ангажман пред 15 месеци чаирчани ги искажаа своите амбиции и не погрешија. Трофејниот Седло им ја донесе титулата.

Ова за него беше трета како тренер, претходно имаше со Врадар две. Има и две како директор со “црвено – црните“.

Нема што Седло полека, но сигурно станува најтрофејниот стратег во Македонија. И сега и дефинивно е во друштво со Ѓоко Хаџиевски, Ѓоре Јовановски, Ќатип Османи… во поглед на бројот на освоените титули во ПМФЛ.

Токму затоа ова фото е фото на сезоната, барем според нас.

ПретходноЊукасл добар против Арсенал (ВИДЕО)
СледноДенеска ќе се официјализира трансферот на деценијата!