Јуве сака да потпише со тројца слободни агенти ова лето

569

Во трката да се обезбедат адекватни засилувања за следната сезона, Јувентус идентификуваше три трансфер цели кои може да ги ангажира, практично, без пари.

Торинскиот клуб најверојатно ќе испрати понуди за договор со Иван Перишиќ (Интер), Анхел Ди Марија (ПСЖ) и Пол Погба (Манчестер Јунајтед). Сите тројца ќе станат слободни агенти на лето, што значи дека Јуве би можел да ги ангажира како слободни агенти.

За Погба веќе се зборува дека е во контакт со преставници на Јувентус и дека инсистира да се врати во Торино. За Перишиќ и Ди Марија допрва треба да се направат напори да се обезбеди потписот.

ПретходноЕвролигата не може без ЦСКА (М): „Армејците“ се враќаат, ќе бидат домаќини во Белград?
СледноУтре и задутре: Одбојкарите ќе „тестираат“ со Албанија