Кадетките од вториот шешир ќе ја чекаат ждрепката за Мундијалот во Скопје

156

Македонската женска кадетска репрезентација се најде во вториот шешир пред ждрепката за Светското првенство У17 кое ова лето ќе се одржи во Скопје (30. јули до 10. август). Нашите девојки нема да играат против селекциите на Швајцарија, Португалија, Франција, Шведска, Чешска, Казахстан и Холандија.

Ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи, во главната рунда ќе продолжат најдобрите две репрезентации од секоја група, додека останатите ќе играат Президент Куп.

1 ШЕШИР: Унгарија, Германија, Иран, Данска, Хрватска, Норвешка, Романија, Црна Гора
2. ШЕШИР: Швајцарија, Португалија, Франција, Шведска, Македонија, Чешка, Казахстан, Холандија
3. ШЕШИР: Египет, Австрија, Бразил, Словачка, Аргентина, Гвинеја, Узбекистан, Алжир
4. ШЕШИР: Кореја, Индија (Јапонија), Сенегал, Уругвај, Мексико (Србија), Канада, Словенија, (Вајлд Кард/Србија)

ПретходноЕСПН откри што му понудиле челниците на ПСЖ на Мбапе
СледноПолицијата пред финалето во ЛЕ: Премногу навивачи, премногу алкохол!