Едно од најпознатите имиња во словачкиот фудбал во последните две децении, Мартин Шкртел објави дека се повлекува од фудбалот.
Последен клуб на 37-годишниот дефанзивец беше Спартак Трнава, каде ја мина оваа сезона. Словакот играше и за Тренчин , Зенит, Ливерпул, Фенербахче, Аталанта и Истанбул.
Со Зенит, Шкртел го освои руското првенство во 2007 година, а со Ливерпул, англискиот Лига куп во 2012 година. Во 2020 година, тој му помогна на Истанбул да го освои турскиот шампионат за првпат во историјата.
Шкртел за репрезентацијата на Словачка одигра 104 натпревари и постигна шест гола. Учествуваше и на Светското првенство во 2010 година и на Евро 2016 година.