Ливерпул го победи Саутемптон, титулата ќе се решава во последното коло

311

Екипата на Ливерпул славеше победа од 2:1 на гостувањето кај Саутемптон во 37. коло од Премиер лигата. Саутемптон поведе со гол на Редмонд во 13. минута, но изедначи Минамино во 27. минута со убав шут од косо по прецизно додавање на Жота.

Во 67. минута Џоел Матип со удар со глава ја затресе мрежата на Саутемптон и ја донесе победа на „црвените“.

Ливерпул е втор со 89 бода, еден помалку од лидерот Манчестер Сити.

До крајот на сезоната има уште едно коло.

Ливерпул ќе игра дома со Вулверхемптон, а Сити на свој терен ќе ја пречека Астон Вила.

ПретходноКампл не мрда од Лајпциг, потпиша нов договор
СледноГолман одбрани три пенали и го однесе Нотингем во финалето на плеј-офот! (видео)