ОФИЦИЈАЛНО: Ренова и Османи ја продолжија соработката

164

Како што вчера најави „Спортмедиа“, тетовска Ренова и актуелниот стручен штаб на тимот предводен од Ќатип Османи постигнаа договор за нова соработка. Популарниот Ќато и во наредната сезона ќе биде на клупата на тетовскиот прволигаш.

И покрај неколкуте понуди кои стигнале до него, Османи сепак бил решен да остане во редовите на “гипсарите“. Откако се прецизираа и деталите од соработката, денеска таа е и официјално потврдена.

ПретходноБаражи за ПМФЛ: Воска преку Тиквеш ќе испишува историја, Скопје против Беласица!
СледноБарса постави максимална сума која може да ја плати за Левандовски