Повеќе од 5.000 полицајци ќе се грижат за безбедноста во Севиља пред утрешното финале во Лига Европа меѓу Ренџерс и Ајнтрахт. Од полицијата предупредија за потенцијални сериозни проблеми, со оглед на тоа дека во овој град ќе дојдат околу 150.000 навивачи.
„Премногу луѓе, премногу алкохол. Голем дел од навивачите доажаат без билети, а тоа е доволна причина за сериозни проблеми“.
За да бидат подготвени за финалето, полицијата затвори одредени улици, ангажираше дополнително обезбедување во метро станиците, главните трговски центари, како и одредени споменици.
Двата клуба добија по 10.000 влезници, но се очекува во Севиља да пристигнат 100.000 Шкоти и околу 50.000 германски навивачи. Токму затоа градот подготви фан зони за сите оние кои немаат билети.
„Се трудиме да направиме како што треба, имаме доста искуство со вакви ситуации. Ќе ги пречекаме гостите најдобро, сигурен сум дека имаме доволно луѓе за спречување на инциденти“, порачаа од полицијата во Севиња.