ФК Тиквеш е еден од учесниците на бараж натпреварот за пласман во ПМФЛ следната сезона.Кавадарчани за ривал ќе го имаат тимот на Воска Спорт. Овој натпревар ќе се игра на 22 мај на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Да потсетиме дека првично беше одредено да се игра во Прилеп.
Соопштението на кавадаречкиот клуб ви го пренесуваме во целост…
Градскиот фудбалски клуб Тиквеш 1930 АД денес официјално беше присутен со два претставника во Фудбалската федерација на Македонија каде што беше одредена ждрепката за одигрување на Бараж натпреварот за ПМФЛ. На истиот тој состанок беше официјално одлучено за местото на одигрување на натпреварот во Прилеп.Но по неколку часови по необјасниви причини дојде до промена на местото на одигрување на натпреварот.
НИЕ КАКО КЛУБ НЕ ПРИФАЌАМЕ ПРОМЕНА НА МЕСТОТО ЗА ОДИГРУВАЊЕ НА ОВОЈ НАТПРЕВАР БИДЕЈЌИ ОФИЦИЈАЛНО НА ДЕНЕШНИОТ СОСТАНОК ПОМЕЃУ ДВЕТЕ ЕКИПИ БЕШЕ ОДЛУЧЕНО НАТПРЕВАРОТ ДА СЕ ОДИГРА ВО ПРИЛЕП.
Со Почит,
ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци