Еден навивач на Рома е фатен на дело како краде дрес од фан-шопот на тимот од Рим. Во овој град оваа сезона владее голема еуфорија, клубот предводен од Жозе Мурињо има шанса да освои европски трофеј, ќе игра во финалето на Конференциската лига против Фејнорд.
Римјаните го елиминираа Лестер Сити во полуфиналето, а Мурињо стана миленик меѓу навивачите, па токму крадецот на дресот во полицијата се правдал со Португалецот.
„Оваа Рома на Мурињо ме полудува, ќе играме во финалето на Конференциската лига, не можев да оддолеа“, изјавил 29-годишниот навивач.
Мурињо само што пристигна во Рим беше поздравен како херој. Тој во своето искуство како тренер во Серија А остави голем „белег“, со Интер во 2010 година кога ја освои тројната круна.