Куманово 2009 година нема да го менува тренерот, од таборот на прволигашот денеска и официјално потврдија дека ја продолжиле соработката со Владимир Мирковски. Целта е исполнета, Куманово останува во „елитата“, забележа доволно добри резултати за продолжување на договорот.
„Официјално денес Кошаркарскиот клуб Куманово 2009 и актуелниот тренер на оваа екипа и шеф на стручниот штаб Владимир Мирковски ја продолжија соработката на уште една сезона.
Мирковски во тимот на К.К Куманово 2009 се врати некаде на полусезоната и ја врати екипата на победничките стази со што управата му ја додели довербата да ја води екипата и наредната натпреварувачка сезона. Годинава Мирковски со тимот се избори за опстанок во Првата кошарска лига и покрај финансиските проблеми со кои се соочи клубот оваа сезона.. Во својата богата кариера Мирковски освен на тренерската позиција во Куманово, ги предводел и тимовите на ФМП и МЗТ Скопје“, се вели во известувањето на клубот.