Промена на правилата во НБА – Играта станува побрза

282

Челниците на НБА лигата ќе гласа за голема промена на правилата, а се очекува кошарката во САД да стане уште побрза. Како што пренесува „Атлетик“, најдобрата кошаркарска лига на светот размислува секој фаул во транзиција да се казнува со слободно фрлање и топка за тимот чиј играч е фаулиран.
Раководителите дошле до оваа идеја за да ја забрза кошарката и да ги запре екипите од идејата да прават контра фаули пред играчите да се растрчаат по паркетот.
Дека фаул не е исплатливо решение говори и следниот пример, противничкиот тим може да постигне четири поени во еден напад (тројка од посед + слободно фрлање) и топка во нивен посед.
И онака американската кошарка е побрза од онаа во Европа, а со ова таа ќе стане уште побрза. За ова ќе се гласа во јули, а ако е прифатена можно е да почне да се применува уште од наредната сезона.

ПретходноПобеди на трка, па се повреди кога го отвораше шампањското (видео)
СледноФИНАЛЕ НА ЛЕ: Ајтрахт по првиот евро-трофеј по 42 години, а Ренџерс чека половина век