Руската кошаркарска федерација е суспендирана од настап на Европското првенство кое ќе се одржи оваа година. Местото на оваа селекција, ФИБА ќе и го додели на Црна Гора, се чека само официјална потврда.
Според правилникот на ФИБА, доколку некоја земја се откаже од едно натпреварување или биде суспендирана, нејзиното место ќе го заземе репрезентацијата која не обезбедила место на континенталниот собира, а има најдобар скор во квалификациите.
Црна Гора иако оствари три победи не успеа да обезбеди билет за ЕП, па токму затоа одлуката е логична. Оваа репрезентација ќе игра во група со Шпанија, Турција, Грузија, Белгија и Бугарија, а домаќин на оваа група е Грзуија.