Шаќири е најплатениот фудбалер во МЛС

893

Играчот на Чикаго Фајр Џердан Шаќири е најплатениот фудбалер во американската Мејџор Сокер Лига. 30-годишниот швајцарски репрезентативец направи трансфер во Чикаго од тимот на Олимпик Лион, а има годишна плата од 7,35 милиони долари, пренесува Асоцијацијата на фудбалери.
Се очекува во текот на летото тој да падне на второто место затоа што на првото ќе скокне италијанското крило Лоренцо Инсиње кој ќе премине од Наполи во Торонто.
Напаѓачот на ЛА Галакси Хавиер Ернандес моментално е втор со 6 милиони долари годишна плата, а напаѓачот на Интер Мајами Гонзало Игуаин е трет со плата од 5,1 милион долари.
Фудбалерот на Торонто Алехандро Посуело е на четвртото место, а топ 5 го заокружува напаѓачот на Њу Ингланд Џози Алтидор.
Асоцијата на фудбалери објави дека средната вредност на плати за фудбалери во МЛС лигата се зголемила за 10,3% во однос на 2021 година.

ПретходноГласнер: Ренџерс е мешавина од Вест Хем и Барселона
СледноТиквеш и Воска ќе играат во Струмица