Албанија прогласи неработен ден поради финалето во Конференциската лига

715

Владата на Албанија го прогласи 25 мај за неработен ден (државен празник) во Тирана, затоа што  главниот град ќе биде домаќин на финалето на Конференциската лига меѓу Рома и Феенорд.

Албанија веќе ги има направено сите подготовки да биде домаќин на овој голем настан. Албанскиот главен град ќе биде претворен во пешачка зона како дел од мерките за организација на еден од најголемите настани што се случиле во Албанија.

Во Тирана се очекуваат околу 100.000 италијански и холандски навивачи, иако на секоја страна и припаднаа по 4.000 билети.

ПретходноКуманово го урна сонот на Ангели со „стотка“ низ Кисела Вода
СледноЖФК Каменица Саса е освојувач на Купот на Македонија (ФОТО)