Дали Александар Васоски ќе биде новиот стратег на Шкендија, на еден од нашите најголеми и најмоќни клубови? Останува да се види во следните денови.
Имено во изјава за медиумите во БиХ, тој коментира за тоа што се случувало со него во Сараево, во времето кога беше тренер во изминатите месеци, а за тоа што понатаму во неговата кариера:
“Во моментов водам преговори со два клуба.Едниот од нив е од Македонија и е моќен. Додека вториот е од надвор. Ќе видиме како ќе се одвиваат преговорите“ изјави Васоски за порталот reprezentacija.ba.
Инаку нашите информации велат дека тој моќен клуб е Шкендија, интересно е тоа што во јавноста веќе неколку денови се шпекулира за овој можен ангажман.
Јавна тајна е дека Шкендија досега имаше разговори со Деан Клафуриќ, Исмет Муниши и Ќатип Османи.