Гласнер: Ренџерс е мешавина од Вест Хем и Барселона

94

Тренерот на Ајнтрахт Франкфурт Оливер Гласнер на прес-конференцијата пред финалето на ЛЕ зборуваше за противникот и за шансите на неговиот тим да стигне до првиот европски трофеј после 42 години. Мечот ќе се игра на „Санчез Писхуан“ во Севиља, а многумина го сметаат Ајнтрахт за освојувач со оглед на тоа дека во претходните рунди беше подобар од Вест Хем, Барселона и Бетис.
Емоциите драстично се зголемија во последните неколку месеци. Многу сум горд на играчите и она што тие го направија во последните два месеци. Двете екипи целосно заслужија да се пласираат во финалето.
Во Ренџерс гледам мешавина на Вест Хем и Барселона. Холандското влијание е видливо во нивната игра, како и британскиот менталитет. Тоа е борбена екипа која неуморно игра и напред и назад. Таверние е најдобриот голгетер во ЛЕ, а е бек што покажува колку добро играат нивните дефанзивци и каков е нивниот придонес во нападот“, додаде Гласнер.
Тренер на Ренџерс е Џовани ван Бронхорст, поранешниот холандски репрезентативец и некогашен играч на Барселона.

ПретходноВаленсија го купува „непотребниот“ напаѓач на Барселона
СледноШаќири е најплатениот фудбалер во МЛС