Грујоски ќе го суди финалето на Купот, Ставрев “главен“ на баражот Тиквеш – Воска!

2045

Познати се судиите за финалето на Купот на Македонија, како и за двата бараж дуели за пласман во ПМФЛ.

Па така на 29.финале на Купот на Македонија, кое се игра в петок на Арената“Тодор Проески“ во Скопје, а во кое се среќаваат Македонија ЃП и Силекс, главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево. Него ќе му помагаат Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски исто од Кичево, додека четврти ќе биде Марјан Ецкоски од Охрид.

На бараж мечот меѓу Тиквеш и Воска Спорт за пласман во ПМФЛ а кој се игра во Струмица во недела, судија ќе биде Александар Ставрев од Скопје. Додека на другиот бараж, кој се игра во Штип, исто во недела, а се среќаваат Скопје и Беласица, на “центарот“ ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.

ПретходноЊукасл подготвува прва „бомба“: Понуда од 50 милиони евра за Хендерсон
СледноКуманово го урна сонот на Ангели со „стотка“ низ Кисела Вода