Кожув убедливо против вториот тим на МЗТ Скопје

72

Кожув ја оправда фаворитската улога против МЗТ Скопје 2, на гостински терен го совлада со 76-108 во рамките на осмото коло во плеј-аут лигата. Оваа средба немаше резултатско значење и за двата тима, домаќинот веќе одамна го изгуби прволигашкиот статус, додека Кожув е сигурен во „елитата“ и следната сезона.

Тимот од Аеродром беше рамноправен противник само во првата четвртина, истата ја доби со 27-21. Во следниот период, гевгеличани заиграа многу подобро, на одморот заминаа со позитива од 42-49.

Гостинските кошаркари победата ја најавија во третата четвртина, истата ја добија со 16-36, доволно за мирен финиш.

Оконкво со 28 поени и 13 скока беше лидер, зад него беше Главчев со 23 поени, два помалку имаше Дуев. На другата страна, Андоновски беше стелец на 22 поени, Петровски имаше 17 поени и 9 скока.

ПретходноФилип Најдовски уште две години во Тирана
СледноИ официјално: ФИБА ги суспендираше Русија и Белорусија