Маркос Антонио е нов член на Лацио

371

Досегашниот член на тимот на Шахтјор Доњецк, интернационалецот од Бразил, Маркос Антонио ќе стане дел од тимот на Лацио. Во дил во кој клубот од Олимпико ќе треба да плати осум милиони евра, плус два милиони бонуси, Антонио е замената за ветеранот Лукас Леива кој летово заминуа од овој клуб.

Маркос Антонио е екс играч на екипите на Атлетико Минеиро, односно Есторил од Португалија пред да му пристапи на великанот од Украина.

Тој има настапи за репрезентацијата на Бразил до 23. години, а во моментов има 21. година.

 

ПретходноФиналето во ЛЕ отиде во продолженија (видео)
СледноЧекаа 42 години и дочекаа: Ајнтрахт е освојувач на Лига Европа (видео)