МЗТ Скопје продолжи со теророт во Супер-лига, го освои и Гостивар

154

МЗТ Скопје продолжи да доминира во пресметките со Гостивар. Актуелниот македонски првак на гостувањето во „Младост“ славеше со 72-85 и ја задржа лидерската позиција во Супер-лигата пред Пелистер. За избраниците на Александар Петровиќ ова беше осма победа во низа.

Гостивар кој заработи суспензија за присуство на навивачи на трибините на два меча, беше рамноправен противник во први 15. минути. По првата четвртина имаше водство од 30-25, кое го одржуваше до средината на вториот период. МЗТ Скопје приреди целосен пресврт на одморот замина со водство од 45-48.

Добрата игра во третиот период им донесе двоцифрена позитива на кошаркарите на актуелниот првак од 49-63. На другата страна Гостивар на стартот на последната четвртина успеа да ја намали двоцифрната негатива, но немаше сили за целосен пресврт.

Со овој пораз, останува под знак прашалник местото во плеј-офот, за каде се борат ТФТ и Еуро Никел.

Рикиќ и Војдан Стојановски со по 16 поени беа први стрелци, со тоа што првиот имаше дабл-дабл ефект, додаде десет скока. Николов беше стрелец на 14 поени. На другата страна Силаџи имаше дабл-дабл од 25 поени и 11 скока, недоволно за триумф против МЗТ Скопје.

ПретходноНова шанса за остварување на сонот: Веспрем и Манасков се првите патници на Ф4 во Келн
СледноФудбалерките на САД ќе земаат исти плати како и нивните колеги од машката репрезентација