Павличевиќ победнички дебитираше на селекторското место

284

Новиот селектор на репрезентацијата на Македонија во одбојка, Ратко Павличевиќ имаше успешно деби на ноата функција. На мечот против Албанија е извојувана победа со 1:3 оодносно по сетови (19:25, 25:18, 25:17, 25:20).

Мечот се играше во Маврово, каде што ќе биде одигран и вториот меч со истиот противник, утре со почеток од 18:00 часот.

Интересно е што Македонија е во иста група со Албанија во првата фаза од Сребрената лига, па овие два меча од затворен тип ќе бидат и еден вид на одмерување на квалитетите и на двете селекции кои се подготвуваат за истото натпреварување.

ПретходноБаскет Кам не се предава: Алексиќ ја расипа забавата на Бадел (ФОТО)
СледноУште едно добро издание на дебитантот: Ангели станаа „мајстори“ за Работнички