Сити понудил 60 милиони евра за Бастони, но добил „корпа“

298

Манчестер Сити му понудил на Интер 60 милиони евра за дефанзивецот Алесандро Бастони, но добил негативен одговор од „нероаѕурите“, пренесува „Газета дело Спорт“.
„Нероаѕурите“ сакаат да го задржат 23-годишниот фудбалер кој има договор до 2024 година, а летоска ќе се разделат со Стефан де Фрај и Милан Шкрињар.
Околу Бастони Интер ќе ја гради дефанзивната линија за следната сезона.

ПретходноЦрна Гора ќе игра на Европското првенство на местото на Русија
СледноГостивар сонува за сензација против МЗТ Скопје