Њукасл подготвува прва „бомба“: Понуда од 50 милиони евра за Хендерсон

505

Дин Хендерсон би требало да биде првото засилување за Њукасл Јунајтед во летниот преоден рок. Њукасл Јунајтед оваа есен отиде во рацете на богатите сопственици од Саудиска Арабија и веќе во зимскиот преоден рок покажаа дека се подготвени да потрошат многу пари, што на крајот се одрази и на резултатите на клубот. Ова лето, новите сопственици се подготвуваат да потрошат повеќе од 200 милиони евра, а приоритет е потпишувањето на одличен голман кој ќе го замени Дубравка и воедно ќе се вклопи во системот на игра што го форсира Еди Хау.

Британските медиуми пренесуваат дека одлуката паднала на англискиот чувар на мрежата Дин Хендерсон за кого се подготвени да платат нешто помалку од 50 милиони евра. Хендерсон е дете на Манчестер Јунајтед, но досега немаше шанса да се покаже.

ПретходноНавивачите на Ајнтрахт и Ренџерс се тепаа цела ноќ, има и уапсени
СледноГрујоски ќе го суди финалето на Купот, Ставрев “главен“ на баражот Тиквеш – Воска!