Кошаркарите на Мајами славеа победа над Бостон со 118:107 во првиот меч од финалето на Истокот во НБА лигата. Мечот се одигра во ФТХ арената во Мајами, а Бостон водеше на полувреме со 54-62. Сепак, кошаркарите на Мајами победата ја трасираа во четвртата четвртина кога беа фантастични и во напад и во одбрана и ја добија со 39-14 со што го свртеа резултатот во своја корист (+17 поени).
Последната четвртина ја загубија со пет поени разлика но запишаа севкупна победа и поведоа во серијата.
Џими Батлер беше најефикасен кај Мајами но и на мечот со 41 поен, 9 блокади и 5 асистенции, а Тајлер Херо имаше 19, Винсент Гејб 16. Кај противникот Џејсон Татум постигна 29 поени, а Браун 24.
Feelin’ a little deja vu with that Bam block 👀 pic.twitter.com/TnZPZhsr76
— Miami HEAT (@MiamiHEAT) May 18, 2022