Во финалето на женското издадние на Купот на Македонија, попладнево на терените на ФФМ, екипата на Каменица Саса со убедливи 4:0 дојде до својата прва куп-титула во историјата. Фудбалерките на составот од Македонска Каменица во финалето беа подобри од екипата на АС Јунајтед.
Головите за историската победа на Каменица Саса ги постигнаа Шопска (8′), Чик (21′), Андреевска (22′, 51′).