Клоп: Шансите за титулата ни се мали, но возможни

140

По победата над Саутемптон, екипата на Ливерпул застана на второто место на табелата во Премиер лигата со еден бод помалку од лидерот Манчестер Сити пред одигрување на последното коло.
Титулата ќе биде одлучена во недела, а Ливерпул игра дома со Вулверхемптон, додека Манчестер Сити е домаќин на Астон Вила. Ако „Граѓаните“ победат титулата ќе остане во синиот дел на Манчестер.
Одигравме одлични против Саутемптон. Губевме со 0:1, но не паднавме психички. Се кренавме и ги освоивме бодовите. Имаме шанси за титулата но сега тие се мали. Сити е во предност затоа што освен што води на табелата, игра дома со Астон Вила која пак игра во среда со Барнли кој се бори за опстанок.
Од друга страна ова е фудбал. Се сеќавам на 2019 година кога Сити стана шампион. Одлучија 11 милиметри. Ако сакаме да станеме шампиони, прво мораме да победиме на нашиот меч, а Астон Вила да освои барем бод против Сити. Велам можно е да бидеме шампиони, но шансите се мали“, вели Клоп.

ПретходноФИНАЛЕ НА ЛЕ: Ајтрахт по првиот евро-трофеј по 42 години, а Ренџерс чека половина век
СледноЛеванте го продава Барди за да го покрие минусот