Леванте го продава Барди за да го покрие минусот

768

Леванте испадна од Ла Лига и идната сезона ќе игра во вториот по ранг шпански фудбал. Со тоа клубот мора да направи ребаланс на средствата за идната сезона и да почне да го креира тимот кој ќе се натпреварува во Сегунда и ќе треба да обезбеди кам-бек во елитата.

Ова лето клубот од Валенсија ќе продаде дел од своите првотимци за да немаат финансиски проблеми. Приоритет на раководните луѓе е да го продадат македонскиот репрезентативец Енис Барди до 30 јуни и да инкасираат барем 10,5 милиони евра за да го покријат минусот.

Барди има договор до 2024 година, но со оглед дека клубот испадна во понизок ранг неизбежна е негова продажба. Играчот веќе беше на продажба во јануари, беше цел на неколку клубови, некои и од италијанската Серија А но ништо немаше конкретно. Сега ситуацијата е поинаква, Леванте мора да го продаде и не може да бара премногу за него.
А десниот бек Коке Андухар веќе објави разделба со Леванте, неговиот пат покрај Барди ќе го следат и уште некои други фудбалери.

ПретходноКлоп: Шансите за титулата ни се мали, но возможни
СледноГаџа мора на операција, го очекува долга пауза