Навивачите на Ајнтрахт и Ренџерс се тепаа цела ноќ, има и уапсени

362

Пет навивачи на Ајнтрахт Франкфурт се уапсени за насилство на улиците во Севиља пред финалето на Лигата на Европа вечерва против Ренџерс, потврди полицијата.

Уапсените се дел од група од 200 навивачи на германскиот тим кои ноќеска ги нападнале приврзаниците на шкотскиот тим, а потоа фрлале запаливи предмети, маси и шишиња кон органите на редот.

“Ќе има сериозни проблеми околу натпреварот. Ова е најтешкиот натпревар за чување во последните години”, изјави за медиумите шефот на локалната полиција, Хуан Карлос Кастро.

Речиси 100.000 навивачи на Ренџерс пристигнаа во Шпанија за финалето против Ајнтрахт, а повеќе од 50.000 навивачи на германскиот тим се веќе во Севиља.

Само 10.000 навивачи на секоја екипа добија билети за решавачкиот натпревар.

„Има премногу луѓе и премногу алкохол, а повеќето навивачи немаат билети. Сето ова ни прави многу проблеми“, изјави Хуан Карлос Кастро.

ПретходноМиротиќ е МВП во Евролига!
СледноЊукасл подготвува прва „бомба“: Понуда од 50 милиони евра за Хендерсон