Почина германски кошаркарски репрезентативец

205

Германскиот кошаркар Адемола Окулаџа почина на 46 години. Не е позната причната за смртта на кошаркарот кој одиграл 172 меча за германската репрезентација помеѓу 1995. и 2007. година, но се наведува дека Окулаџа многу години се борел со канцер.
Окулаџа беше клучен играч заедно со Дирк Новицки и Патрик Фемерлинг. Учествуваше на ЕП 1995, 1997, 1999 и 2001 година, како и на СП во Индијанаполис во 2002 година каде Германија освои бронза.
На клупско ниво настапуваше за Алба од Берлин, Барселона, Уникаха, Бенетон, Памеса, Химки и Бросе Баскет. Во 2010 година се повлече од кошарката.

ПретходноMajaми го сруши Бостон во првиот меч од финалето на Истокот, Батлер броеше до 41 поен!
Следно“Бомба“ под Шара: Шкендија преговара со Васоски!!!