Филип Најдовски сепак ќе остане во тимот на Тирана и следната сезона. Иако имаше најави дека дефанзивецот ќе си замине, актуелниот првак и македонскиот фудбалер најдоа заедничко решение, оваа ситуација се промени преку ноќ, во дресот на актуелниот првак на Албанија ќе остане уште две години.
Најдовски во Тирана дојде во 2020 година од Вардар. Тој одигра 27 натпревари во првенството на кои има постигнато два гола, додека во Купот на Албанија има одиграно 3 натпревари. Вкупно во дресот на Тирана има 65 натпревари и 4 постигнати голови.
„Иако бевме далеку од новиот договор, во последен момент ги исполнија моите барања, потпишавме двегодишен договор“, изјави за „infOSport.mk“ македонскиот фудбалер.
Во Тирана покрај Најдовски настапува и Кристијан Тошевски.