Кошаркарско лудило во Белград: Четири гиганти по европскиот трон

135

Вечерва во Белград почнува кошаркарскиот Фајнал фор, турнирот кој ќе го одреди новиот европски шампион. Во „Штрак Арената“ од 18 часот тргнуваат Олимпијакос и Анадолу Ефес.
Ефес е бранител на трофејот од минатата година, а предводен е од итриот Ергин Атаман. Олимпијакос е трикратен европски првак но последниот трофеј го освои во 2013 година. Екипата од Атина на клупата го има Јоргос Барцокас кој е прогласен за најдобар тренер во Евролигата оваа сезона.
Од 21 часот ќе гледаме кошаркарско „Ел Класико“. На мегдан излегуваат шпанските ривали Барселона и Реал Мадрид. Барса од 2010 година чека на титулата, додека Реал од 2018 година. Интересно, Барса победи на претходните пет дуели со Реал од вкупно шест колку што одиграа оваа сезона. Ќе видиме дали „Кралевите“ токму вечерва ќе го прекинат тоа.
Финалето е на 21 мај.

РАСПОРЕД
Полуфинале (19 мај)
18:00 часот
ОЛИМПИЈАКОС – ЕФЕС
21:00 часот
БАРСЕЛОНА – РЕАЛ МАДРИД
Финале (21 мај)

ПретходноПогледнете го дресот на Сити за идната сезона!
СледноПогледнете ја еуфоријата на Манасков и Веспрем по пласманот на Ф4 (видео)