Ждрепката беше немилосрдна за претстојниот Ролан Гарос, еден од најголемите тениски турнири во светот. На овој грен – слем турнир, ждрепката сакаше за четвртфиналето можен дуел да има меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Секако дека сите го очекуваат овој меч меѓу едни од најдобрите тенисери во историјата. Сепак прво треба до таму да се стигне.
На стартот Србинот за ривал ќе го има Нишоико од Јапонија, додека Рафа за противник го има Џордан Томпсон.
Интересно е тоа што во “костурот“ каде што е Новак, тука е и Карлос Алкараз, фантастичниот млад Шпанец кој пред три недели во освои турнирот во Мадрид каде што ги победи и Новак и Рафа.