Ако сакаме ќе земеме играчи од Шкендија за беспари!

9371

СПОРТМЕДИА вчера објави документ со кој Шкендија, фрустрирана од тоа што ја загуби шампионската битка со Шкупи, на слободните играчи им става клаузула во договорите со која играчите мора да платат отштета од 250.000 евра ако одат кај ривалот од „Чаир“. Малку неџентламенски потег и неиздржан обид да се спречи евентуален трансфер на некој од фудбалерите токму кај ривалот од Скопје.

Не ми се верува што гледам, што читам… Од Шкендија треба да знаат дека секој фудбалер сака да игра кај најдобриот. Тоа до лани беа тие, но еве сега тоа сме ние. И нормално е при еден ваков развој на настаните играчи од Шкендија да сакаат да дојдат кај нас. Знаат каде е најдобро и знаат со кого може да се шампиони… Ние сме Шкупи кои имаме 4 титули исто како и тие, но нашата традиција со титули е долга и децениска. Жал ми е ако мислат дека со вакви потези ќе ни нанесат некаков си удар. Удар си прават самите по себе затоа што таквите клаузули се смешни и неиздржани. Ако сакаме да им земеме фудбалер со таков документ кој тие го даваат – ќе им земеме и нема да им платиме 250.000 евра“, истакна Омер Бунјаку, спортскиот директор на „гулабите“ од Чаир кои ги живеат деновите на еуфорија по прославата на титулата до која стигнаа на убедлив начин и со двоцифрен број на бодови разлика од ривалите.

ПретходноЛудост: ПСЖ со понуда до Мбапе вредна 60 милиони евра годишно, бонус од 120 милиони и место спортски директор!!!
СледноДемант на Слободан Крстевски за ФК Вардар!