Ајнтрахт го урна германското проклетство во ЛЕ

288

25 години ниту еден клуб од Германија не успеваше да го освои трофејот во Лигата на Европа. Многу се обидуваа но ниту еден не можеше да го освои сребрениот пехар се до вчера кога Ајнтрахт од Франкфурт успеа да стави крај на тоа.

Четата од Франкфурт заедно со своите фанатични фанови направи сензација со самата елиминација на Барселона по победата на „Ноу Камп“, а потоа и над Вест Хем во полуфиналето стигна и до трофејот откако во финалето го совлада Ренџерс со 5:4 по пеналите (во регуларниот дел и продолженијата беше 1:1).

Пред Ајнтрахт две и пол децении немаше германски клуб на тронот во ЛЕ/Куп на УЕФА што е чудно бидејќи Бундес лигата е во топ 5 европските лиги.
Во 1996 година Баерн го крена трофејот по триумфот над Бордо, следната година Шалке успеа да слави против Интер. Од тогаш се одиграни 22 финалиња и само два германски клуба биле во финале и се поразени. Во 2002 година Борусија Дортмунд изгуби од Феенорд, а во 2009 година Вердер доживеа пораз од Шахтјор.
За Ајнтрахт ова е втор трофеј во ЛЕ по оној во 1980 година кога натпреварувањето се нарекуваше Куп на УЕФА. Германците стигнаа до седмиот трофеј во ова натпреварување и е на четвртото место во севкупниот поредок на освојувачи.

Шпанците се лидери со 13 победи од кои Севиља има дури шест.
Ајнтрахт му се придружи на Менхенгладбах со по два трофеја во ЛЕ. По еднаш триумфирале Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Шалке 04.

ПретходноВориорс ги растурија Далас во првиот меч од финалето на Истокот (видео)
СледноИ Хрватот Дино Скендер е во “игра“ за тренер на Шкендија!