Стојанчо Велинов ја продолжи соработката со Гостивар, па така како што денеска и официјално објавија од клубот, тој останиува најмалку уште една година. Да потсетиме дека искусниот офанзивец во Гостивар дојде во зимскиот преоден рок и одигра сосема добро во изминатата пролет во ВМФЛ – ЗАПАД.
Од Гостивар исто така информираат дека соработката е продолжена и со Рони Синани, Имран Фетаи и Хусеин Демири, сите тие во наредната година ќе го носат дресот на Гостивар.