Евертон се врати од 0:2 до победа за опстанок во Премиерлигата (ВИДЕО)

225

Евертон се врати од „мртвите“, ги освои трите бода на мечот со Кристал Палас и на коло пред крајот на сезоната обезбеди опстанок во Премиерлигата. Момците на Френк Лампард беа на работ на бездната, откако по првиот дел на домашен терен беа во негатива од 2:0 во клучниот меч за нив сезонава.

Матета и Ају со погодоците во првите 45 минути го фрлија во очај „Гудисон Парк“, но на полувремето очигледно некои работи во соблекувалната на Евртон се променија, а се промени и резултатот на семафорот. „Сините“ од Ливерпул во 54. минута со голот на Кин намалија на 1:2, а со голот на Ришарлисон во 75. минута успеаја да израмнат.

Налетот пред гостинскиот гол даде резултат во 85. минута, кога Калверт-Луин погоди за 3:2 и за исклучително вредни три бода за Евертон во трката за опстанок. Со оваа победа Евертон им победна на +4 на Лидс Ј. пред последното коло и веќе е сигурен учесник во Премиерлигата и догодина.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноКил ја доби драмата против ПСЖ и последен се „чекираше“ за Ф4 турнирот
СледноРеал (М) го доби полуфиналното „Ел Класико“ и обезбеди финале на Ф4 турнирот