Кил ја доби драмата против ПСЖ и последен се „чекираше“ за Ф4 турнирот

223

Во голема драма, ракометарите на Кил обезбедија победа на ПСЖ со 33:32 и се пласираа на завршниот турнир од ракометната Лига на шампиони. На домашен терен, германскиот великан пред полни трибини и жестока атмосфера, се врати од негативата од два гола по првиот дел и со фантастично отворање на второто полувреме практично го сврте мечот во своја полза и на крајот дојде до голема победа.

Благодарение на оние 30:30 на првиот меч во Париз, германскиот тим успеа со оваа минимална победа да го потврди своето место на завршниот турнир, каде претходно се пласираа и Барселона, Веспрем и Келце.

Најдобар стрелец во составот на Кил беше Јакобсен кој постигна 7 гола, додека по 6 постигнаа и Рајнкинд и Винчек. Ремили беше најефикасен кај ПСЖ со 8 гола.

ПретходноНавивачот на Нотингем Форест осуден на 24 недели затвор
СледноЕвертон се врати од 0:2 до победа за опстанок во Премиерлигата (ВИДЕО)