Утре од 18 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра 29.финале во Купот на Македонија. Македонија ЃП или Силекс, кој до трофејот, кој до големиот пехар во нашиот фудбал.
Ова финале, овој финален натпревар е од големо значење и поради фактот дека победникот ова лето ќе настапи на евро – сцената и тоа во квалификациите во Лигата на Конференции и тоа директно во 2.квалификациско коло.
Голем е влогот, а тренерите и капитените на финалистите, Бајрами и Михаилов, Адем и Божиновски и тоа како го знаат. На денешниот прес се фотографираа со пехарот, а утре после 20 часот ќе дознае кој ќе се радува со големиот пехар во рацете.