Лудост: ПСЖ со понуда до Мбапе вредна 60 милиони евра годишно, бонус од 120 милиони и место спортски директор!!!

886

Иако светот е во исчекување на тоа кога Флорентино Перез ќе објави дека Килијан Мбапе ставил потпис на петгодишен договор со Реал Мадрид, во ПСЖ прават се само да го натераат напаѓачот да остане во нивните редови.

Па така според медиумите во Франција, пребогатите газди на клубот, преполни со петро – долари од Катар, доставиле луда понуда до Мбапе.

Таа изнесува 60 милиони евра годишно, потоа бонус од 120 милиони евра, се разбира 100% од имиџ- прават во однос на продажбата на дресовите, и,пазете сега, функцијата спортски директор, за што и за таа функција би земал плата.

Тој би се прашувал за трансферите, Мбаше би решавал со кого би сакал да игра, тој ќе решава кој ќе си замина од клубот. Исто така Мбапе би решавал кој ќе биде тренер на тимот.

Интересно…или ова е лудост или потег на очајник.

Нема трето..,.

ПретходноГолманот на Ајнтрахт Франкфурт со хит изјава!
СледноАко сакаме ќе земеме играчи од Шкендија за беспари!