Миркуловски со два гола и со победа на Вецлар, Кузмановски со Хановер одигра реми…

70

Двајца наши ракометари настапија за своите екипи во редовното коло во ракометната Бундеслига. Имено Филип Миркуловски со својот Вецлар успеа да дојде до триумф и тоа против Балинген на гости со 24-28. Македонецот стрелаше двапати во мрежата на домашниот состав.

Филип Кузмановски и неговиот Хановер одиграа реми против тимот на Минден и тоа со резултат 26-26. Во самиот финиш тимот на нашиот ракометар не успеал да победи. Кузмановски својот настап го завршил со два гола.

ПретходноРолан Гарос: Уште во четвртфиналето можен е спектакуларен дуел меѓу Новак и Надал!
СледноОдбојкарите поразени во вториот тест со Албанија