Навивачот на Нотингем Форест осуден на 24 недели затвор

229

Фудбалскиот навивач на Нотингем Форест е осуден на 24 недели затвор откако го нападна Били Шарп од Шефилд Јунајтед веднаш по натпреварот во плеј-офот во Чемпионшип лигата.

Станува збор за Роберт Бигс кој има 30 години и работи како електроинженер. Тој влегол на теренот по мечот во вторникот вечерта на стадионот „Сити Граунд“ и во близина на голот го удрил напаѓачот на гостите.

Бигс ја дозна пресудата пред судот во Нотингем, каде што се изјасни за виновен за кривично дело опишано од обвинителите како „намерно и бесмислено насилство“.

Роберт Бигс, кој има сезонски билет, нема да може да присуствува на натпреварите на Нотингем до крајот на животот.

ПретходноНашиот ривал ги започна подготовките: Младите Украинци веќе тренираат во Истанбул!
СледноКил ја доби драмата против ПСЖ и последен се „чекираше“ за Ф4 турнирот