Напаѓач ја напушти репрезентацијата на САД за да игра за Гватемала

95

Рубио Рубин, напаѓач кој има седум настапи за фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави доби дозвола од ФИФА да ги смени националните бои и во иднина ќе игра за селекцијата на Гватемала.
26-годишниот фудбалер на Реал Солт Лејк е роден во Бивортон во државата Орегон, а татко му е од Мексико додека мајка му од Гватемала.
Во 2012 година беше прогласен за најдобар млад играч во МЛС, тој играше за САД од 2014 до 2018 година, а претходно и за младите селекции на САД.
Потоа поднесе барање за промена на државјанство кое му е одобрено од ФИФА со што ќе може да настапува за Гватемала, земјата од каде е мајка му.
Инаку Рубин има играно за холандски Утрехт, потоа дански Силкеборг, па норвешки Стабек, па мексиканска Тихуана, а во 2021 година дојде во Солт Лејк.

ПретходноРоде ја покажа лузната од синоќа… сепак вредна е трофеј во Лигата на Европа
СледноСекоја чест за фановите на Ајнтрахт: Луда забава на стадионот во Франкфурт! (ФОТО +ВИДЕО)