Ништо не може да ги изненади челниците на Премиер – лигата во пресрет на одигрување на последното коло во кое ќе се одлучува за тоа кој ќе биде шампион за сезоната 2021/22. Со оглед на тоа дека и Сити и Ливерпул имаат шанси, подготвени се два пехари. Едниот ќе биде на “Енфилд“ каде Ливерпул игра со Вулфси, додека вториот и тоа оригиналниот ќе биде на „Итихад“ каде Манчестер Сити се среќава со Астон Вила.
А се знае и зошто. Сити ако победи и официјално ќе ја одбрани титулата во ПЛ, ако пак одигра реми или загуби, што е малку веројатно, а Ливерпул пак победи, тогаш пехарот ќе оди кај “редси“.
И двата меча се играат в недела од 17 часот, впрочем како и сите останати од 38.коло или последно сезонава.