Не е тајна дека Ајнтрахт Франкфурт ги има едни од најверните навивачи не само во Германија, туку и во цела Европа. Па така вчера за време на финалето од Лигата на Европа, против Ренџерс во Севилја, тие фанови кои не можеа да заминат во Шпанија, се собраа и тоа во бројка од 60.000, на трибините и на теренот на стадионот во Франкфурт. Таму имаше луда забава, се навиваше за својот тим,кој во тоа време играше во Севилја, се гледаше финалето преку видео-бим. Откако заврши пенал – серијата и Ајнтрахт победи, настана лудница на стадионот во Франкфурт.
Нема што, секоја чест за фановите на овој германски клуб и сега веќе победник во Лигата на Европа.